Ветено – реализирано: Решена кризата со личните документи

Сите граѓани кои имаат потреба да извадат или заменат личен документ, тоа ќе им биде овозможено во законскиот рок од 15 дена, рече министерот Панче Тошковски при посетата на пунктот „Пролет”.



Ветивме и ја решивме големата криза со издавање на личните документи на граѓаните и ќе направиме сè што е потребно такви кризи повеќе да не се повторуваат, рече министерот . Тошковски ги повика возачите кои не ги смение возачките дозволи со новото уставно име на државата, тоа да го сторат. Дозволите со старото име ќе важат до крајот на оваа година, без разлика ако датумот на истекување е после 31.12.2024 година.

– Досега се издадени 750.000 возачки дозволи, а потребно е да се стигне до милион дозволи, за да се заокружи целокупната бројка на издадени возачки дозволи во Македонија. Ги замолувам сите граѓани кои имаат возачка со старото име да ја обноват во наредните месеци, затоа што согласно со измените на законот што ги направивме, старите важат заклучно до крајот на оваа година. Наскоро ќе следи и кампања на МВР со која ќе ги повикаме сите да ги обноват дозволите. На пунктовите повеќе нема метеж – рече министерот.