Филмџиите продолжуваат да изнесуваат наводи и документи за сомнителните активности на Милчо Манчевски и на неговите фирми, за кои се водат истраги. Овој пат првите луѓе на ДФРМ изнесуваат податоци за филмот „Мајки“, за кој, како што велат, до ден денес нема детален извештај за потрошените народни пари, пишува Плусинфо.мк
Извештајот на финансискиот сектор на Агенцијата за филм (тогашен Филмски фонд), со кој се бара од „Банана филм“ да достави веродостоен извештај за наменско трошење на 55.800.000 денари, укажува на скандалозно трошење на народните пари од страна на продуцентот и режисер Милчо Манчевски и за филмот „Мајки“ (2010 година). Извештај за тоа каде и како точно се потрошени парите, нема до ден денес, категорично тврди ДФРМ.
Особено „интересни“ трансакции се оние кои Манчевски ги насочил кон една американска компанија. Слично како и во случајот со префрлување средства кон неговата фирма во САД „Милкма на сметката на „Квантум комуникејшн“ (Quantum Comunications ) завршиле вртоглави 125.000 евра, наводно за промоција на филмот. Овие средства воопшто не биле предвидени за намената за која биле потрошени, а самоволното пренаменување на средства наменети за продукција на филмот, во наводна промоција, не е ништо друго, туку чист криминал, велат македонските филмаџии.
Согласно со извештајот на Филмскиот фонд, подготвен на 16.04.2013 година, во својот наративен извештај продуцентот истакнува дека за промоција на филмот воопшто не добил средства и дека самиот ги обезбедил, што не кореспондира со фактичката состојба и документите.
Имено, тогашната влада на Никола Груевски за „Мајки“ „изразила поддршка за филмскиот проект“ со дополнителни средства, пред воопшто и да се донесе официјална одлука за финансирање на филмскиот проект од страна на Филмскиот фонд.
Извор: https://plusinfo.mk/so-filmot-ma-ki-milcho-manchevski-ma-ka-im-rasplakal-na-milioni-narodni-pari-vo-ebot-si-stavil-fantastichni-315-000-evra-tvrdat-makedonskite-filma-ii/





