„ДУИ немаше чист легитимитет никогаш. Партијата на Али Ахмети го осигуруваше легитимитетот преку бандитските структури, криминализирајќи го општеството. Легитимитетот на ДУИ е заснован врз условување, купување гласови, полнење кутии, многубројни привилегии. ДУИ продадоа многу работни места по цена од 5 илјади евра до 10 илјади евра. Лидерот на ДУИ Али Ахмети мора да замине од јавната сцена, да се пензионира. Мора да има закон, кој ќе биде над него. Законот мора да биде над секој поединец. Без овој услов не може да постои правната држава. Новата генерација на ДУИ мора да конкурира со нивна програма, без сегашниот лидер Ахмети.“ – нагласува Реџаил Рамадани, доктор по интерна медицина од Куманово, во својата колумна со наслов „Легитимитетот на ДУИ“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Натаму, Рамадани пишува: Партијата на Али Ахмети условуваше преку листите за вработување: им даваше предимство само на оние, кои беа блиски со партиските челници. ДУИ дискриминираше со листите за вработување голем дел од албанската младина, кој е веќе мигриран во странство. Тој голем дел од албанската младина се исели, бидејќи немаше блискост со челниците на ДУИ, ниту можност да влезе во списоците за вработување.
ДУИ спроведуваше тивка дискриминација кон сите оние, кои не беа ДУИ. Денес гледам некои момчиња кога се перчат дека биле директори за сето време. Но, ги прашувам нив: дали сте се загрижиле вие за овие другиве Албанци, кои веќе мигрирале? Насекаде во светот директорите се избираат со конкурс и тогаш доаѓаат до израз нивните менаџерски способности. Кај нас партијата ги бира директорите, за да ги доведе до стечај јавните компании, или да ги испокраде во целост. Многу голем број од директори, поставени од ДУИ, беа крајно крумпирани. Голем број од нив имаат и криминално досиеја
Арбер Адеми од ДУИ му рекол некому дека е вазал, а додека тој беше министер за образование си правеше за сево време бизнис. Тој е типичен профитер од политиката, кој нема некое ниво. Доста победувавте во името на мачениците на УЧК и на албанскиот народ, доста трупавте големи богатства, доста здобивавте и користевте привилегии. Затоа беше потребна ротацијата на власта.
Коалицијата Вреди не треба да ги повтори грешките на ДУИ. Вреди мора да се насочи кон градењето лидерство, мора да понуди луѓе, мора да створи нова парадигма. Вреди мора да инвестира во јавното мислење, во визијата на промената. Сега е времето за тоа.






