Македонскиот активист од Канада, Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, реагира за бришењето на Центарот за македонски јазик во Грција, со седиште во Лерин, од Апелацискиот суд во Кожани.
„Грција нареди затворање на Центарот за #македонски јазик во Лерин. Кој и да тврдеше дека Договорот од Преспа ќе ги „подобри“ правата на Македонците во Егејска #Македонија е или грубо дезинформиран (целосен идиот), или е соучесник во кршењето на човековите права. Нашата борба продолжува!“, порача Николов на Твитер.






