Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид повика на штрајк и бојкот на економијата на земјата во обид да изврши притисок врз владата да постигне договор за ослободување на преостанатите заложници во Појасот Газа, пренесува „Ројтерс“.
Лапид, кој исто така е поранешен премиер, го повика секој Израелец „чие срце беше скршено утрово“ да се приклучи на големиот протест во Тел Авив подоцна во текот на денот. Тој, исто така, ги повика главниот синдикат на Израел, бизнисите и општините на штрајк.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во неделата го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот со Хамас за враќање на преостанатите заложници дома од Газа откако денеска беа откриени телата на шестмина од заложниците киднапирани на 7 октомври, пренесува Ројтерс.
„Доцна е за киднапираните кои беа ладнокрвно убиени. Киднапираните кои остануваат заробени на Хамас мора да бидат вратени дома“, напиша тој на платформата на социјалните мрежи Х.
„Оној што убива заложници не сака договор“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Израел нема да мирува додека не ги фати одговорните за убиството на шесте заложници чии тела беа пронајдени претходно денеска во тунел под градот Рафа. Ова го изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху“, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека Израел е посветен на постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници и гарантирање на безбедноста на земјата.






