Учениците во Скопје ќе се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат до училиштата, по информациите дека на ЈСП му недостигаат 150 автобуси на линиите согласно зимскиот возен ред.
Згора на тоа, од утре дел од приватните превозници нема да сообраќат на своите линии, односно ќе има само еден автобус наутро а потоа автобусите ќе се вратат на паркиралиштата.
Како шо сега стојат работите, од утре на првиот школски ден, учениците и нивните родители, ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат за навреме да стигнат на училиште.
Од утре, преполните автобуски постројки, гужвите во автобусите, но и во такси возилата ќе станат секојдневна слика во главниот град…






