Забраната за извоз на бензин од Русија е продолжена со одлука на руската влада до крајот на годината, пренесе ТАСС.



Според причините за одлуката е донесена за „одржување стабилна состојба на пазарот на горива…“

Ограничувањата првпат беа воведени во септември 2023 година, кога важеа и за дизел горивото.

Забраната не се однесува на набавките според меѓувладините договори, на горивото што го носат граѓаните за лична употреба и на меѓународната хуманитарна помош.

Информациите за владината одлука беа објавени пред да дојде информацијата за пожар во најголемата рафинерија на Газпромњефт во Капотња кај Москва.

Иако пожарот не е директно поврзан со напад со украински беспилотни летала, утрово Министерството за одбрана во својот дневен извештај објави за рекорден број беспилотни летала кои биле соборени или пресретнати.