Причина за ова е што Собранието се уште не ја констатирало оставката на Иџет Мемети како член на Советот на јавни обвинители.
Да потсетиме, Мемети Мемети беше поранешен Народен правобранител кој ја извршувал функцијата од декември 2004 до 2020 година. Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.
Долгогодишниот функционер признал дека незаконски влијаел на случај, па добил условна затворска казна од една година и забрана за работа во наредните три години.
Од Собранието тврдат дека се уште не ја констатирале оставката на Меметi. Во Правилникот е наведено дека тоа ќе го направат на првата наредна седница.
Следната седница на Собранието е закажана за 3 септември.
Шефицата на Советот на обвинителството, Душица Димитриеска, не одговори на повикот на ТВ21 да појасни од кога Мемети не оди на работа, но ако ги погледнат последните записници од Советот, се гледа дека од јуни не присуствувал на седница.
Мемети до сега немал поднесено барање за апанажа. Но и да го стори тоа, Комисијата за избори и именувања ќе го одбие неговото барање, бидејќи според одлуката на Уставниот суд, функционерите кои се разрешени или поднеле оставки не можат да добијат апанажа.
За разлика од Мемети, кој чека престанок на функцијата, судијата Наќе Георгиев, кој беше осуден на три години затвор, по пресудата беше разрешен од Судскиот совет.






