„Никако не може да се врати назад статусот на албанскиот јазик, бидејќи тоа е гарантирано со Уставот и механизмот на двојното мнозинство. Мислењето на Венецијанската комисија има голем недостаток: се повикува на механизмите на Советот на Европа за заштита на малцинствата. Но, Албанците во * Македонија не се малцинство, туку заедница со исклучителна политичка тежина, која ни ја дава фактот што сме повеќе од една третина од населението.“ – изнесува вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи во објава на својот фејсбук-профил, која ја пренесува и информативниот портал на албански јазик „Фол“.
Натаму на општествената мрежа Фетаи објавува: Албанци, бидете си спокојни. Маката на ДУИ ѝ е што се наоѓа во опозиција, а не ѝ е албанскиот јазик. Секое решение, што ги засега нашиот јазик, култура, образование и другите национални права, е политичко решение, загарантирано со механизмот за уставна заштита.
Мислењето на Венецијанската комисија во ниеден дел не ја оспорува уставноста на законот за употреба на јазиците, освен потребата дополнително да се уточни дека на национално ниво друг јазик со службен статус е уште само и албанскиот јазик. Другите размислувања на Венецијанската комисија се од финансиска и менаџерска природа, а тоа се политички, воопшто не и уставни прашања. Најголемата критика е, всушност, тоа дека законот е донесен со европско знаме, но на овој начин се донесени и стотици други закони помалку важни од законот за јазиците.
Затоа, за жалење е што претседателот на Уставниот суд одлучи да се занимава со законот за употреба на јазиците, правејќи ги да бидат чинител назадните сили, кои не сакаат напредок на земјата кон ЕУ, туку сакаат да не вратат кон Русија.






