Вучиќ: Следна во ЕУ ќе влезе Украина во 2030 година, а по неа Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, ако ѝ дозволат Бугарите!

Српскиот претседател Александар Вучиќ не е оптимист дека неговата земја ќе влезе во Европската унија до 2028 година, ни две години потоа, туку очекува во 2030 година прва следна членка на ЕУ да стане Украина!



„Потоа верувам дека Србија, Албанија, Црна Гора и се надеваме дека, ако Бугарите ѝ дозволат на Македонија да се придружи, верувам дека и тие ќе се придружат, но откако Украина ќе се придружи. Тоа е она во што верувам, ќе видиме дали сум во право или не“, реле Вучиќ на панелот „Придружување на Западен Балкан во ЕУ“ во рамките на Глобалниот безбедносен форум „Глобсек 2024“ во Прага.