Една од мерките кои ги најави новата Влада за помош на бизнисот е намалување на данокот на добивка од 10% на 5%“.
-Една од мерките кои ги најавивме како Влада е намалување на данокот на добивка од 10% на 5% за сите компании кои остваруваат добивка од над 50 милиони евра годишно. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата, изјави министерот за економија Дурмиши.
Инаку, вчера министерот Дурмиши најави 300 нови вработувања за Полошкиот регион.
Тој заедно со градоначалникот на општината Билал Касами, директорот на Бирото за регионален развој како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ја посетија фабриката Киел, при што на менаџментот на компанијата ја предадоа употребната дозвола за работа во индустриската зона во Тетово.
Киел Македонија е водечки производител на седишта за возови и автобуси. Во новиот производствен погон во Тетово, кој се простира на површина од 7500 метри квадратни, планирано е отворање на 300 нови работни места во полошкиот регион.





