Во вториот квартал од годинава, бројот на родени (живи деца) е 3.840 и во однос на истиот период лани, нивниот број е намален за 7,2 отсто, објави Државната агенција за статистика.
Бројот на починати лица во вториот квартал од 2024 година изнесува 4.711 лица, што бележи зголемување од 0,3 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година.
Природниот прираст е негативен.
Во овој период и бројот на склучените бракови е намален за 22,6 отсто во однос на истиот период од 2023 година и изнесува 2.533 бракови.
Во овој квартал пријавени се 390 разведени бракови.






