Марија Димовска освои златен медал, а Лука Змејкоски сребрен на Светското првенство во кикбокс за јуниори и кадети што се одржува во Будимпешта.
Димовска во дисциплината лоукик, во категоријата до 60 килограми, славеше со 3:0 над Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина во полуфиналето, а во финалето беше подобра со 2:1 од Мија Лијамичев од Израел.
Змејкоски го делеа само 15 секунди од планетарната титула во лоукик, над 81 кг, но во нив ја загуби предноста и загуби со 2:1 од Мухамед Дупљак од Србија. Претходно, Змејкоски го совлада Владислав Лендел од Украина со 2:1.
Македонија ја очекува уште еден медал на шампионатот, откако Силвио Мировски избори финале во категоријата до 81 кг, во кое противник ќе му биде Украинецот Иван Бородатји. Двете претходни борби Мировски ги реши предвреме, прво против Челик Мемет Тана од Турција со технички нокаут во третата рунда, а во полуфиналето против Атанас Димов од Бугарија со прекин во првата.
На СП во Унгарија учествуваат 2.256 спортисти од 68 држави.





