Акаунтот „Ѓерасим“ ја има објавата на денот на Твитер инспирирана од изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во Белград: „Вашето место е во ЕУ, може да послужите како пример за целиот Балкан“, откако Србија реши да купи 12 воени авиони „рафал“ од Франција за 2,7 милијарди евра.



Макрон во кус период два пати се сретна со својот српски колега Александар Вучиќ, критикуван од Брисел за невоведување санкции кон Русија.

Шефот на француската држава стои зад предлогот изготвен од тогашниот советник за Европа во неговиот кабинет, Александре Адам, за надминување на бугарското вето за старт на преговори на Македонија со Европската унија, кој предизвика жестоки реакции и протести во земјава.