Активниот пожар е во општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, пренесен на армискиот полигон Криволак, каде горат шуми со ниски стебла и сува трева.
Во текот на вчерашниот ден на отворен простор имало вкупно 22 пожари, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.






