Од понеделник учебната година ќе стартува со 3500 помалку првачиња, за 7 години бројот на ученици намален за 17 илјади

Во понеделник ѕвончињата ќе ѕвонат но ученици од година во година се помалку. За седум година речиси 17 илјади е намален вкупниот вкупниот број на ученици во Македонија, а само првачиња има помалку околу 3500.



За една година 14 улилишта ставиле клуч на врата поради трендот на масовно иселување.

Универзитетскиот професор Ацевски за Алфа коментира дека цели семејства не се иселуваат само од економски причини:

  • Она што би рекол во една психолошка-социолошка па дури и малку и вредносна смисла, еден голем дел од луѓето во Македонија се помалку се уверени дека државата се движи во една посакувана насока и се нуди некоја преспектива“ вели Ацевски. 

Ученици нема, објектите остануваат празни а неспорно и наставниците ќе останат без работа. Универзитетскиот професор Ацевски пососчува дека заради вакавата наследена состојба, актуелната власт треба да посвети големо внимание за една сеопфатна политика бидејќи ќе дојде до престуктурирање на образовниот кадар. Оттука се наметнува дилемата дали е оправдан фокусот на синдикатите, за зголемување на платите на наставниците, кои, инаку, ќе го добијат покачувањето  во март, или уште посериозниот проблем: што со оние кои заради исселувањето на децата-сега може да останат без работните места.

  • Тоа ќе следи, едно престуктурирање на тие училиштата. Не можете да имате училиште со неколку деца, тоа е голем проблем особено во руралните средини. Потребна е една сеопфатна политика која подлабоко ќе навлезе во овие сегменти во подобрување на севкупниот живот од една страна и создавање на услови за младите. Тоа е многу пораметено во Македонија особено во последните 10-тина години“ вели Илија Ацевски – универзитетски професор – социолог.

Денеска во Македонија има околу 3000 наставници кои се „вишок“ во воспитно – образовниот систем и нивното работно место е под ризик да биде затворено. Процентуално, тоа е околу 10% од вкупниот број на ангажирани наставници во училиштата низ државата.

Извор:https://alfa.mk/od-ponedelnik-uchebnata-godina-ke-startuva-so-3500-pomalku-prvachina-za-7-godini-brojot-na-ucheniczi-namalen-za-17-iljadi/