Откако минатиот месец 10 лица побегнаа од затворот искористувајќи го бесплатниот викенд, тројца од затворот Шутка се уште се во бегство.
„Доброволно“ се вратиле седум лица, а меѓу нив е и Адем Куртовиќ, кој е еден од тројцата осомничени за убиството на 58-годишниот Васил Ефтов кај Мавровка,, што се случи на 20 август.
„На 19 јули е констатирано дека се водат за исчезнати 10 лица, од кои дел, шест биле пријавени во 23 часот и 30 минути, дел од нив биле пријавени во 01:30 наредниот ден а другите се околу четири, четворица кои се во бегство, од кои еден сега се тројца, еден од нив е Адем Куртовиќ, кој мислам дека се појавил во полициската станица Карпош на 22.07“, изјави Бобан Утковски, директор на Затворот Скопје.
Според Утковски, најголем број бегства прават затворениците од полуотворено или отворено одделение, кои поради злоупотреба на правото на напуштање затвор не се враќаат потоа.
Во периодот од 2015 година до 23 август вкупно 29 затвореници направиле ваков вид бегство и повеќе не се вратиле, а по нив полицијата распишала централна потерница. Оние кои ќе бидат вратени во затвор се соочуваат со дополнителни санкции за бегство.






