Милановиќ: Европската унија е нечесна и неискрена кон Македонија

фото: Кабинет на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ  разговараше со премиерот Христијан Мицкоски, за трнливиот пат на Македонија кон членство во ЕУ и рече дека Унијата се однесува „неправедно“ кон Скопје, кое исполнило бројни услови и дека може сè уште смета на цврстата поддршка на Хрватска во постигнувањето на неговата цел, пренесува „Н1“. 



„Европската унија е неправедна кон Северна Македонија. Македонците досега исполнија бројни услови кои се бараа од нив за да ги забрзаат преговорите и влезот во ЕУ, но и покрај тоа се уште се далеку од членство. Сето ова покажува дека ЕУ нема чесен и фер пристап кон Македонија“, рече Милановиќ и нагласи дека Хрватска ќе продолжи цврсто да го поддржува и да се залага за нејзиниот влез во ЕУ.

Една од главните теми на разговорот меѓу Милановиќ и Мицкоски било членството на Македонија во Европската Унија, односно пречките кои се уште стојат на патот на земјата кон полноправно членство во европскиот блок, соопшти Кабинетот на претседателот.

Македонија во 2018 година потпиша договор со Грција, со посредство на ОН, со што се реши спорот за името на државата. Имено, Грците побарале да се смени името на таа земја бидејќи Македонија е името на нивната северна провинција. Промената на името и овозможи на Северна Македонија да влезе во НАТО во 2020 година и требаше да ја доближи до Европската унија, пишува „Н1“.