Осомничените кои го планирале нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена имале намера да убијат десетици илјади луѓе, изјави заменик директорот на ЦИА.



Дејвид Коен се осврна на неуспешниот терористички заговор за време на самитот за разузнавање и национална безбедност одржан оваа недела во Мериленд.

„Планираа да убијат огромен број луѓе на тој концерт, десетици илјади, меѓу кои сигурно ќе има многу Американци. Имаа детален план“, изјави вчера Коен. „Австријците можеа да ги уапсат бидејќи ЦИА и нашите разузнавачки партнери им дадоа информации за тоа што планира оваа група поврзана со ИСИС“, додаде тој.

Австриските власти велат дека главниот осомничен, 19-годишен Австриец, бил инспириран од Исламската држава.

Тој, наводно, планирал да изврши напад со нож или рачно изработен експлозив надвор од стадионот, каде што се очекувало да се соберат повеќе од 30.000 луѓе. Во тоа време внатре во стадионот требаше да има уште 65.000 посетители.

При претресот на куќата на осомничениот, истражителите пронашле хемикалии и направи со кои тој планирал да го изврши нападот…