Полицискиот инспектор од Македонија кој беше фатен во Косово поради шверц на фалсификувани евро монети, станал инспектор во МВР без безбедносен сертификат, пренесува Радио Слободна Европа.



МВР веќе отворила предмет на истрага за неговото вработување бидејќи тој наводно не ги поминал основните безбедносни проверки на АНБ.

Шкелзим Демири, вработен во МВР на РМ, е осомничениот за пуштање во оптек стотици илјади фалсификувани монети од 2 евра во Косово!

„Во тек се проверки по наводи во поднесено барање и други наводи од надлежност на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР за РСЕ.

Оттаму останале неодговорени прашањата како и кога бил вработен без сертификат и кој го одобрил неговото вработување и унапредување во инспектор без да ги помине безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност.