Бугарскиот активист Драги Каров преку социјалните мрежи упатил гнасни сексуални навреди кон 15 годишна ќерка на македонскиот адвокат Јанаки Митровски.

Адвокатот Митровски открива дека во коментар на социјалната мрежа Фејсбук бугарскиот активист Драги Каров коментирал за неговата 15 годишна ќерка.

Во коментарот бугарскиот активист користи одвратен речник откако Митровски коментира дека и од Бугарија младите луѓе заминуваат во земјите членки на ЕУ.
,,Го знаете господинот Драги Каров? Нешто и посакувал на ќерка ми која има 15 години. Драги за негова жал нема капацитет да ме испровоцира да му се изнае*ам па да кука дека бил дискриминиран Бугарин. Е сега ако се видиме ќе го замолам да повтори.
Но ајде да го направиме славен “дискриминираниов” Бугарин”, пишува Митровски за инцидентот.
Упатување на одвратни сексуални пораки кон девојчето е казниво според македонските закони.

Каров со пораката која овде е цензурирана поради одвратниот речник дава простор да биде гонет од македонската полиција и приватно но и по службена должност.






