Божиновски за Гаши и косовската претседателка со растреперен глас: Е вакви емотивци ни требаат, може и песна ѝ има напишано…

Сценаристот и режисер Божидар Божиноски ја има објавата на денот за собранискиот претседател Африм Гаши што поитал да ѝ помогне на косовската претседателка Вјоса Османи, која му се јавила со растреперен глас по инсистирањето на аеродромот во Скопје да ѝ ги скенираат багажот и телефонот…



„’Ми се јави косовската претседателка со растреперен глас, морав да помогнам’ – Гаши за инцидентот на аеродром.

Е вакви емотивци ни требаат, можи и песна ѝ има напишано…“, го коментира дежурниот мајтапчија на Фејсбук еден од мотивите за опозициското барање за интерпелација на Гаши.