Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, преку статус на Фејсбук, реагираше во врска со неодамнешните изјави на коалицијата ВЛЕН за уставни измени.



„Секој ден излегуваат на виделина лагите на вазалите! Потпишаа заедничка декларација како албанска политичка партија дека не влегуваат во владата без уставни измени и видоа што се случи. Се излажаа! Влегоа во владата без никакви услови, како губитник.
Порачаа дека штом се формира влада ќе покренат процедура за уставни измени и видоа што се случи. Се излажаа!

Тогаш рекоа дека во јуни, а најдоцна во јули ќе почнат со уставните измени. Повторно излажаа. Рекоа дека чекаат да завршат изборите во Бугарија и Европа. Изборите завршија, додека овие лажеа!“.

„Тие рекоа дека и одредиле рок од три месеци Владата ќе ја рестартира ваквата постапка. Повторно излажаа.

Излегоа со ултиматум дека во рок од 6 месеци овој случај ќе биде затворен. Денеска сами се уверија дека јавно излажале.

Мислите дека некој ви верува?!

Знаеме дека сте во владата за тесни индивидуални интереси… ЗНАМ и ВМРО не можат да толку да ве газат, колку што можете да издржите. Станавте црна страница!“, пишува на Фејсбук, Арбер Адеми од ДУИ.