„Денеска учествував на Конференцијата на амбасадорите во Тирана, организирана од министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани. За време на панелот на тема ‘Албанскиот простор во геополитиката на регионот’ ги искажав моите ставови за последните случувања на политичката сцена на * Македонија. Ја истакнав важноста на долгоочекуваната промена, која донесе создавање влада без ДУИ, партија која 22 години ја монополизираше албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа.“ – објави на својот фејсбук-профил Иџет Меџити, вицепремиерот и министер за екологија, но и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди. Меџити од денес се наоѓа во дводневна посета во Тирана и ќе има средби со челниците на оваа држава, конкфретно со премиерот Еди Рама и претседателот Бајрам Бегај.
Натаму, во својата објава на општествената мрежа Меџити истакнува: Нагласив дека ДУИ ја задуши политичката сцена и го попречи секој обид за позитивни промени за Албанците. Исто така, нагласив дека евроинтеграциите остануваат наш апсолутен приоритет како коалиција и дека сме посветени и подготвени да гласаме за уставните измени во секој момент.
Му честитав на министерот Хасани за формирањето посебен оддел во Министерството за надворешни работи на Албанија, посветен на Албанците од регионот и дијаспората. За мене продлабочувањето на меѓуалбанската соработка е неопходност, што треба да продолжи непречено. Ја подвлеков потребата да се создаде заедничка платформа, која не обединува на различни полиња, од образование до економија, опишувајќи го тоа како определувачки елемент за нашата заедничка иднина.







