Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека владината коалиција имала некаков договор во врска со случајот со бегството на косовскиот граѓанин баран со потерница, Блерим Рамадани.



„Судијата кој што одредува куќен притвор е истиот оној судија кој што го водеше случајот за тепачите во М НАВ. Таму не учествуваа истакнати функционери од ВРЕДИ, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од ЗНАМ.

Таму лично учествуваше претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир. Тој истиот судија ги ослободи, тој истиот кој додели куќен притвор. Тој е омилениот судија на поранешната власт“, рече Мицкоски во “За или Против“ на Алфа ТВ.

Тој дополни дека овој судија бил селектиран, избран, а потоа и унапреден во време на власта на СДСМ и ДУИ.

„На крајот на денот еве ја институцијата Судски Совет, еве ја институцијата Државен јавен обвинител нека влезат нека истражат“, рече Мицкоски.