Улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир Скопје вчера беше преименувана во улица „Мајка Тереза“.



Улицата со ново име свеченоја „отвори“ заменик премиерот Изет Меџити и првиот човек на општина Чаири, Висар Ганиу.

„Од денеска главната улица на Чаири ќе го носи името на ќерката и албанска нобеловка од Скопје, Мајка Тереза.
На 114-годишнината од раѓањето на хуманистката Мајка Тереза, со гордост и почит го отворивме новото име на главната улица на Чаири, кое сега ќе го носи името на оваа голема албанска личност.

Претходно оваа улица го носеше името „Христијан Тодоровски Карпош.

„Секојдневно по овој пат минуваат илјадници граѓани, а сега со посебно чувство на гордост ќе ја одбележат и честат Мајка Тереза, претворајќи го овој пат во симбол на љубовта и хуманоста што таа ги претставува“, изјави Изет Меџити.