Вицепремиерот Меџити од денес во дводневна посета на Тирана, средби со премиерот Рама и претседателот Бегај

„Денес, на 27 август 2024 година првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе престојува во дводневна официјална посета на Албанија и ќе се сретне со челниците на оваа држава.“објави ТВ 21.



Во својата вест ТВ 21 дополнува: За време на престојот во Тирана Меџити ќе се сретне со премиерот Еди Рама и претседателот на државата Бајрам Бегај. На покана на Игли Хасани, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, Изет Меџити  ќе настапи на Меѓународна конференција на амбасадори, која се одржува од 26 до 28 август.