ТВ 21: На мечот Брера-Шкендија полицијата барала навивачите „Балисти“ да го тргнат албанското знаме, но тие ја напуштиле трибината

„Навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија во неделата отпатуваа од Тетово за Струмица, за да го следат својот тим кој се соочи со фудбалскиот клуб Брера. Сè поминало добро, но во моментот кога навивачите го развиориле албанското знаме, полицијата решила да ги отстрани од трибината.“објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Од клубот Шкендија соопштуваат дека отстранувањето на навивачите од трибините не било барање на официјалниот делегат на натпреварот, туку ваквата одлука ја донела самата полиција. „Целосната радост на црвено-црните не им ја дозволија силите на редот (полицијата), кои побараа отстранување на албанското знаме од трибините каде што беа сместени нашите навивачи. По ова навивачите ‘Балисти’ решија да го напуштат стадионот. по само 30 минути игра. Нашиот протест не даде резултат, бидејќи делегатот на натпреварот во ниту еден момент не побара симнување на знамето и се беше во режија на Секторот за внатрешни работи Струмица.“ – соопшти ФК Шкендија.

За овој настан беше прашан и премиерот Христијан Мицкоски. „Во Скопје има добра практика навивачите на гостинската група да не одат на теренот на противникот. Не гледам причина зошто да не биде така во цела Македонија. На стадионот да нема гостински навивачи и на овој начин да ги избегнеме овие настани.“ – одговори Мицкоски.

Инаку, од неофицијални извори се дознава дека полицијата најпрво барала навивачите балисти да го тргнат знамето, или да ја напуштат трибината. Тетовските навивачи сепак решија да ја напуштат трибината. На овој натпревар Шкендија победи со 2-0.