Напад на правото на слобода на говор и понижување за Франција и за целиот свет, реагираше поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден по апсењето на соосновачот на социјалната мрежа Телеграм Павел Дуров во Франција , пренесуваат медиуми.



Во Франција уапсен газдата на социјалната мрежа Телеграм

„Изненаден сум и длабоко тажен што францускиот претседател Емануел Макрон се наведна на ниво на земање заложници како средство за добивање пристап до приватните комуникации. Ова ја понижува не само Франција, туку и целиот свет“, напиша Сноуден на X (поранешен Твитер).

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, околу притворот на Дуров потсети дека во 2018 година западните невладини организации ја повикаа Руската Федерација да не создава пречки за работата на Телеграм.

Одлуката на Париз да го приведе Дуров го наметнува прашањето дали меѓународните структури ќе бараат негово ослободување или ќе „ги голтнат јазикот“, пишува Захарова.