Крис Павловски од „Рамбл“ со поддршка за уапсениот прв човек на „Телеграм“

Еден од најуспешните бизнисмени Македонци во светот Крис Павловски, основач и извршен директор на водечката светска компанија за дигитални платформи „Рамбл“, застана во одбрана на првиот човек на социјалната мрежа „Телеграм“, Павел Дуров, уапсен на аеродром близу Париз.



„Малку доцнам со ова, но со добра причина – тукушто безбедно заминав од Европа.

Франција му се закани на ‘Рамбл’, а сега ја преминаа црвената линија со апсењето на извршниот директор на ‘Телеграм’, Павел Дуров, наводно поради нецензурирање на говорот.

‘Рамбл’ нема да се залага за ваквото однесување и ќе ги искористи сите правни средства на располагање за да се бори за слободата на изразување, универзално човеково право. Во моментов се бориме пред судовите на Франција и се надеваме на итно ослободување на Павел Дуров“, објави Павловски на Твитер.

Сопственикот на „Рамбл“, роден во Канада, чиишто родители се од ресенско, а живее во САД, пред еден месец беше примен во македонската Влада од премиерот Христијан Мицкоски, а во мај годинава и од тогаш тукушто инаугурираната прва претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.