Директорка кадар на ДУИ со кривична пријава за фалсификувана диплома преку БЕСА крева тензии во Алијанса и Алтернатива

Покрај искрите меѓу ВЛЕН и ЗНАМ на ниво на владина коалиција тензии постојат и на ниво на коалицијата ВРЕДИ каде партиски структури се незадоволни што доскорешни кадри на Али Ахмети добиваат важни директорски места во здравството и други институции.



Директорка која до пред неколку недели била функционер на ДУИ а која има кривична пријава за фалсификувана диплома преку БЕСА крева тензии во Алијанса за Албанците и Алтернатива каде функционери бараат министерот за здравство Таравари да ја преиспита одлуката и веднаш да ја смени директорката на болницата во Дебар.

,,Не е фер директорката која долги години беше кадар на Али Ахмети да станува директорка а нашите кадри воопшто да не се вработени. Дополнително, ако МВР и обвинителството ја проверат информацијата на новинарката Симоновска ќе видат дека директорката има направено кривично дело и не смее да биде на чело на здраватвена или било која друга институција. На крајот ќе треба да се зачлениме во ВМРО за да биде фер работата”, велат членови на Алтернатива и Алијанса за Албанците кои не ги разбираат чекорите на Касами и Таравари.

,,Преминуваш од ДУИ во ВЛЕН и магично стануваш пак директорка на болница иако имаш кривична пријава дека претходниот пат си станала директорка со фалсификат диплома по англиски од Бугарија”, објавила новинарката Мирослава Симоновска која ја цитираат членовите на Алијанса и Алтернатива кои инсистираат на анонимност.

Претходно лидерот на БЕСА Касами на 7 Август објави дека докторката директорка по долги години во ДУИ станува член на БЕСА односно нова директорка.

,,Докажаните жени во различни професии постојано се приклучуваат на големото семејство на НАДЕЖТА и ДОСТОИНСТВОТО. Севдије Коџа, шеф на педијатриското одделение во Општата болница Дибра, докторка со повеќе од 15 години искуство во здравствените установи во С. Македонија, се приклучува на Движењето БЕСА за да придонесе за зајакнување на улогата на жената во нашето општество.
Добредојдовте Севдие во Движењето БЕСА”, вели Касами откако Коџа од кадар на Али Ахмети станала кадар на БЕСА.

Ако се докаже, фалсификување на службена исправа според законот е кривично дело кое покрај прекинот на директоракиот мандат може да донесе и затворска казна.

Најчитани статии

Спречена потенцијална хаварија, фатен со две канти бензин близу Охридскиот аеродром

Зошто грчките служби го малтретирале Спасен Силјановски на Илинден (ВИДЕО)

Дејан Давидовски по седум години бегство се предаде на полицијата