Коалицијата ВРЕДИ ја поздрави задоцнетата, но според нив, неопходна одлука на скопското обвинителство да поднесе жалба на неприфатливата и скандалозно ниска казна изречена за случајот Ласкарцаисо трагични последици.



ОЈО се жали за пресудите за несреќата кај Ласкарци

„Силно го поддржуваме барањето за построги казни за сите други одговорни лица инволвирани во оваа трагедија. Овој страшен настан, кој претходниот режим се обиде да го релативизира и минимизира со корумпираните рамки на ДУИ, бара целосна и непристрасна правда.

Но, прашањата што се поставуваат се неизбежни. Дали е ова уште еден случај на гнили кадри кои ја спречуваат заслужената казна на виновниците и ја откриваат вистината?

Каква улога имаше Валдет Џафери, поранешниот директор на Бирото за правни вештачења во намерното одложување на вештачењето за случајот Ласкарци?

Треба да се знае и дали сопствениците на „Дурмо турс“ се блиски до ДУИ, како што често се зборуваше во јавноста, и дали се соработници на Талат Џафери“ прашуваа во соопштение од ВРЕДИ

„Зошто сите институции инволвирани во овој случај не успеаја да донесат правична и навремена пресуда?

Кои стои зад овие акции и кои се обидуваат да ги заштитат тесните политички интереси, спречувајќи правда за жртвите и нивните семејства?

„Целосна транспарентност и конкретни активности од сите институции за гарантирање на правдата за жртвите и сите граѓани“, се вели во реакцијата на ВРЕДИ.