„Американскиот професор Едвард П. Џозеф оцени дека посетата на шефот на ЦИА Вилијам Барнс во Косово и некои балкански држави е сигнал за загриженоста во Вашингтон во врска со тензиите и потенцијалот за некаков вид конфронтација на Балканот.“ – јавија „Телеграми.мк“ и повеќе други медиуми на албански јазик во Македoнија и во Балканот. Едвард.П. Џозеф е професор во Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот „Џон Хопкинс“во САД и е поранешен член на „Меѓународната кризна група“.
„Телеграми.мк“ пишува: „Ова не е добро, бидејќи Вилијам Барнс во моментов е многу сериозно вклучен во преговорите за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и тоа е врвен приоритет за американската администрација. Оној што ќе дојде во Балканот, за да ги посети Косово, Србија, Босна, можеби ќе застане и во Бугарија, но и во * Македонија.“ – изјави Џозеф за Радио телевизија Косово.
Тој посочи дека шефот на ЦИА доаѓа во Балканот, затоа што Вашингтон ги гледа овие точки на тешкотии и проблеми. „Ова не е среќна посета. Мора да бидеме многу јасни за ова. Тоа е злокобна посета и сигнал за загриженоста во Вашингтон во врска со тензиите и потенцијалот за некаков вид конфронтација на Балканот.“ – нагласи Џозеф, напомнувајќи дека никој не знае каква порака донел шефот на ЦИА Вилијам Барнс.





