На новинарско прашање дали Министерството за образование и наука ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот студентски превоз во висина од осум милиони евра, министерката Весна Јаневска дека фактурите се пристигнати, но нема правен основ по кој Министерството би ги платила фактурите за бесплатниот студентски превоз.



„Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема Владина одлука.

Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин.

За мене како министер начинот е судот да одлучи, како ќе одлучи судот така ќе постапуваме“, изјави Јаневска.

Таа повтори дека за идната година Министерството за образование и наука и Владата имаат планирано средства за слободен превоз на студентите.