За бегството од домашен притвор и од земјава на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, избега од земјава единствен виновник е судијата Пајазит Пајазити, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција во партиското седиште.



Како што рече, доколку Пајазити досудел ефикасен затворски притвор, наместо домашен, сега Рамадани би бил во Шутка, а не во Косово.

„Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството. СДС лаже и манипулира со денови само овој извршител на ДУИ да остане судија“.

Петрушевски, дополнителн, го обвини СДСМ дека се „расфрла со пердуви“ за да го сокрие скандалот со избеганите затвореници кои се приведени за убиството кај ТЦ „Мавровка“, а кои избегале од затвор во време кога на челните позиции во КП „Идризово“ и КПУ „Скопје“ биле луѓе од СДСМ.

„Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично, се поставува прашањето дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел? Институциите се девастирани од СДС и ДУИ.

Последиците од тоа се чувствуваат уште. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните“, рече Петрушевски.