Панчо и Андреј од ДНК преку пригодно видео ги повикаа љубителите на одбојката во Македонија да ја наполнат арената „Јане Сандански“ в недела од 20:15 часот и да ѝ дадат френетична поддршка на македонската репрезентација против Грција во квалификациите за Европското првенство 2026.



Атмосферата пред дуелот со јужниот сосед, за кој влезот ќе биде слободен, ја загреа и триумфот од 3:0 над Грузија во саботата во Тбилиси.

Пласман на ЕП ќе обезбедат победниците на седумте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани селекции.

Повикот од ДНК до навивачите на следниот линк: https://fb.watch/u7tdlvoyxz/