Министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, вели дека го разбираат расположението на македонските граѓани кои не гледаат на процесот на уставни измени со ист ентузијазам како Албанците.
Муртезани рече дека во разговорите за формирање на новата Влада инсистирале на уставни измени.
„Како што знае пошироката јавност, ние како коалиција ВРЕДИ, и за време на произборната кампања и во периодот кога разговаравме за формирање на Влада, една од клучните точки на кои упорно инсистиравме е евроинтеграцијата, поточно уставните измени.
Но, еве целосно го разбираме сентиментот на нашите сограѓани Македонци кои не гледаат на овој процес со истиот ентузијазам како ние“, рече Муртезани за Дејли клик на ТВ21






