Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се обрати на третата вечер од Демократската национална конвенција, му се заблагодари на претседателот Џо Бајден и ја пофали кандидатката за преседател на САД од редовите на Демократите, Камала Харис.



Клинтон ја истакна важноста на претседателските избори во САД во ноември и неопходноста од победа над републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп, кого го исмеваше во својот говор, пренесува NPR.

„Да ​​скратиме. Престар сум за да кажам нешто паметно, но сепак сум помлад од Трамп“, рече Клинтон (78), предизвикувајќи громогласен аплауз од публиката.

„Во 2024 година имаме јасен избор: „Ние народот“ и Камала Харис против Трамп за кого постои само „јас, јас и јас“, продолжи Клинтон.

„Камала Харис е единствениот кандидат во оваа трка со визија, искуство, темперамент да биде претседател во добри и лоши времиња. И да биде нашиот глас“, рече меѓу другото Клинтон.