Постојаниот претставник на Македонија во ОН во Њујорк, амбасадорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка, за што ги информирал претседателката Гордана Силјановска – Давкова и Министерството за надворешни работи.



Фрчкоски, откако беше повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото најави дека ќе поднесе оставка.

Тој беше повикан на консултации од министерот за надворешни Тимчо Муцунски , но тоа не се случи бидејќи амбасадорот во ОН – зл боледување.

Во изјава за порталот Либертас Фрчкоски рече дека очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од Функцијата со Указ на Претседателката , како што и е назначен.