Зголемен е бројот на регистрирани позитивни на Ковид во земјава потврди министерот за здравство Арбен Таравари и укажа дека треба да се почитуваат антиковид-правилата за проветрување и хигиена.



„Има пораст на бројот на регистрирани со Ковид во државава, имаше состанок и Комисијата за заразни болести и имаме заклучок од нив како треба да се третираат – треба да се придржуваме на правилата – отворени простории, да нема повеќе луѓе на исто место, хигиената да се запазува.

Меѓутоа, пациентите што се третираат на клиниките од одредена болест, а во меѓувреме се инфицираат и со Ковид, препораките се да продолжат со лекување во истата клиника, конзилијарен инфектолог да даде препорака за дополнителна терапија доколку треба, рече Министерот Таравари..

Тот уште додаде дека повеќето пациенти очигледно го поминуваат асимптоматски или со многу лесна форма на симптоми…