Потпретседателот на Алијансата за Албанците (на Зијадин Села), која e дел од Европскиот фронт, Елми Азири, реагираше по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.



Азири преку напис фрла сомнеж дека на оваа средба премиерот и предложил на Арсовска средствата предвидени за автопатот од Скопје до Стенковец да се пренаменат за решавање на проблемот со јавното претпријатие Скопје.

„…Премиерот на државата вчера и предложи на Данела Арсовска средствата наменети за поправка на булеварот што го поврзува Скопје со патот кон Република Косово во износ од 8 милиони евра да се пренаменат за јавното претпријатие на Градот Скопје “.

„Значи премиерот предлага да се стопираат работите на патот кон Косово…Хорор!“, напиша меѓу другото Азири.