Променливо облачно и посвежо време се очекува денеска, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со грмежи, силен ветер и град.



Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи,  а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 степени.