украинските сили уништија уште еден мост во руската област Курск, со цел да ги спречат руските воени операции во регионот. Станува збор последниот од трите моста, на реката Сејм што според дел од странските аналитичари дополнително ќе создаде проблеми за руските воени сили.
Според воените аналитичари, Украина се обидува да принуди дел од руските трупи да ги напуштат украинските боишта, особено во регионот на Донбас, каде русите напредуваат. Властите во Украина тврдат дека контролираат 1.000 квадратни километри и 74 населени места, но дека нивната цел не е присвојување на руска територија. Русија инаку, до сега прогласи прогласи вонредна состојба во регионот Курск каде се водат најжестоките борби, но и во уште два погранични региони, Белгород и Брјанск





