Сега ДУИ се „колне“ дека „нема да ја кантонизира“ РМ, иако „готви“ „територијална поделба на региони“ како во Белгија и Швајцарија?!

„Крешник Бектеши рече дека Демократската унија за интеграција јасно кажала оти нема територијални стремежи, ниту за кантонизација на земјата, иако се споменуваат Северна Ирска, Белгија и Швајцарија, држави, во кои се управува како во федерации.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 ја цитира изјавата, која ја даде Бектеши во овој контекст во нејзината емисија: „Дневен клик“ „Преку портпаролот на партијата Арбер Адеми ДУИ јасно порача дека нема територијални стремежи, ниту за регионализација, или кантонизација на * Македонија. Не можеме да молчиме, додека втората по големина заедница во * Македонија е игнорирана и деградирана со непочитувањето на нејзиниот легитимитет и и на она, што произлегува од слободни и демократски избори.“