Ангелов: Дожд го изгасна пожарот на Галичица

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска изјави дека од 1 август до денеска во Македонија се регистрирани 660 пожари на отворен простор од кои 98 беа шумски и од кои повеќето се претворија во големи пожари тешки за гаснење.



Овие пожари ги исцрпија нашите сили и капацитети, вели Ангелов.

Тој објави дека пожарот на Галичица денеска е изгаснат со помош на дождот кој заврна, додека кај Јасен кон Белица е со намален интензитет и се очекува ако заврне дожд да биде изгаснат.

Ангелов информира и за другите пожари во земјава.