Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.



Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчера со 43 степени Скопје беше најтопол град во Македонија – за еден степен потопол од Велес.

Најава за заладување и невреме, веќе повеќе пати беше најавувано од УХМР.

И овој пат (требеше од денеска но…) од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура.

На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.