Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска имал средба со бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, на која се осврнал и на обвинувањата на премиерот Мицкоски дека неговата партија се спрема да создаде дестабилизација во земјава од есенва.
Тврдењата тој ги нарекол непостоечки и невистинити кои како единствена цел имаат да ја дефокусираат јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни скандали, пренесеоа медиуми.
Според Ахмети „ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет“.
Ахмети го потсетил амбасадорот Ангелов на ветувањето на -како што велат од ДУИ „поразените“ на изборите – кои кажале дека уставни измени ќе има за шест месеци од формирањето на Влада и рекол дека неговата партија останува посветена на евроинтеграциите.
Во соопштението од ДУИ се вели дека разговарало за патната и железничката поврзаност преку Коридорот 8, за клучните договори – Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија и за внесување на Бугарите во Уставот..






