Скопје „гори“ – Измерени 43 степени во 17 часот

Највисока максимална температура измерена во 17 часот во Македонија била во Скопје-Петровец и изнесува 43°C, соопшти УХМР.



Меѓу потоплите градови денеска беа и Велес, Виница, Демир Капија и Кавадарци каде беа измерени 40°C. Температурата од 43 степени за периодот на август за регионот на Скопје и Петровец спаѓа во категоријата катастрофални температури означени со црвено, која е највисоката категорија по „опасни температури“ означени со портокалово кои почнуваат со 41. степен

Најсвежо беше на Попова Шапка каде измерени се 25,5°C.

Утре ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури, велат од УХМР.

УХМР за утре најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање“, стои во соопштението од УХМР.