„Треба да почекаме да поминат првите 100 дена на владата и потоа ќе видите!’ – се искажа за првпат и лидерот на ДПА Мендух Тачи со иронија во врска со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека поранешните владини функционери се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички судир.“ – објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија ја пренесува изјавата, што ја даде Тачи во овој контекст: „Потребен ни е силен договор со Македонците каде што ќе бидеме целосно рамноправни во државата споделувањето интереси во заедничката држава, каде што ќе имаме ист устав со иста симболика, секој ќе има свое знаме, свој јазик. Македонците се веќе составен дел од таа стратегија, не ги навредувам, Македонците работат на нивната стратегија, секогаш ја префрлаат вината врз другого. Нема да зборувам, ќе бидам фер, додека завршат првите 100 дена од владата, но потоа ќе кажам што ќе не чека во иднина.“





