Скопје како див Запад, а не како метроплола која треба и мора да се развива, по теркот на европските и светските големи градови. Нема ден, а да не реагираат граѓаните на гнасотијата и на пеколни горештини. Диви депонии има речиси низ цело Скопје, а граѓаните секојдневно се жалат на лошата миризба, пренесе Алсат. Велат дека цело Скопје е задушено од отпад, и ги обвинуваат надлежните органи и неодговорните граѓани кои фрлаат градежен шут и покуќнина во близина на контејнерите.
- „Секаде е вака, нечистотија. Град Скопје стана…кај што вртиш глава гледаш само нечистотија. Дали оваа комунална хигиена функционира или не? Не знаеме. Ова е болест за сите луѓе. Немам коментар“…

- „Не се криви тие што го собираат ѓубрето, народот е крив, тие доаѓаат од далеку и го фрлаат овде, потоа се собира ѓубре, прозори не можам да ги отворам, ретко отвораме, смрди, станот ми е спроти“, реагираат граѓаните.
За хаосот создаден со ѓубрето во град Скопје, од Јавното комунално претпријатие ги обвинуваат граѓаните, но и Град Скопје што не го одобрил барањето за сезонски работници.
Визард ЈП комунална хигиена:
- „Диви пунктови се создаваат како резултат на невнимателното депонирање на отпад од поединци надвор од контејнерите, односно на јавни или сообраќајни површини. Во моментов комунална хигиена-Скопје не е во можност целосно да го спроведе оперативниот план за одржување на хигиена поради неможност за ангажирање сезонски работници бидејќи програмата за дополнителни активности во областа на јавната чистота не е одобрена од Советот на Град Скопје“.

Во меѓувреме, првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу, го обвинува градот Скопје за создадениот хаос.
- „Две години немаме никаква комуникација со градоначалничката на Скопје, ниту како колега, ниту на службен начин и не знаеме како да функционираме, а во овој момент тоа е приоритет бидејќи чистотата за граѓаните е многу важна и феномен кој мора да го промениме, но и со паркови и зеленило“, рече Ганиу.
Додека не се најде решение, дополнителен проблем за граѓаните се високите температури кои надминуваат 40 степени Целзиусови и смрдеата уште повеќе се зголемува.





